Feed on
Posts
comments

Мртвило. Студенило. Смртта како да го освои најголемиот трофеј. Во гробот се наоѓаше вкочането тело на Исус Христос. Тој не спиеше во гробот. Не се одмараше. Не беше во кома. Неговото тело едноставно беше мртво. Немаше воздух во Неговите гради. Немаше мисли во Неговиот мозок. Немаше осет во неговите нозе. Неговото тело беше безживотно како и камената плоча на која беше положено.

Смртта ја потврдија и егзекуторите. Ако само видеа и најмал животен рефлекс на телото што висеше на крстот, и најмал звук од занемената уста, војниците со сигурност ќе ги скршеа Христовите нозе. Но тоа не беше потребно. Убодот на копјето под ребрата го премавна и најмалиот сомнеж за сигурноста на егзекуцијата. Римските војници, обучените машини за убивање, си ја знаеја работата. И успешно ја завршија. Го симнаа мртвото тело и го предадоа на Јосиф и Никодим.

Јосиф од Ариматеа и Никодим фарисејот. Луѓе со власт и влијание. Луѓе кои толку посакуваа телото кое го спремаа за погреб, Оној, во Кого се надеваа дека ќе исполнат нивните месијански очекувања, да биде жив. Кога ја бришеа крвта од Неговата брада, сигурно се вслушуваа дали можеби нема да чујат здив на живот. Додека ги преврзуваа Неговите прободени дланки се надеваа дека можеби ќе го напипаат Неговиот пулс. Се надеваа на живот. Залудно. Телото беше мртво. Не им остана ништо друго освен да го погребат.

Римските војници се распоредија во стражарска формација. Римскиот печат поставен на огромната плоча, со која беше затворен гробот, застрашувачки предупредуваше дека никој не смее да се доближи до гробот.

Печатот остана недопрен. До недела. А во неделата светлина го исполни гробот а со неа и животот. Како што светлината ја протера темнината, така животот го растера гнилежот. Неговите гради се исполнија со воздух. Бледите усни се заруменија. Исушените прсти се исполнија со живот. Христос воскресна!

Воскресение кое дава надеж. Надеж пред најголемиот предизвик – смртта. Еден ден и јас ќе бидам мртво. И моите гради ќе престанат да дишат. И моите раце, како и Неговите ќе се вкочанат. И јас ќе бидам положен во гроб. Но празниот гроб на Христос се претвори во фонтана на жива надеж. Кога Исус Христос умре, со Себе ја поведе во смрт и самата смрт. Поради воскресението на Христос, смртта повеќе го нема последниот збор.

Христос воскресна и нè воведе во живот вечен.

Навистина воскресна!

БОГ СЛУША

Твојот глас се извишува кон Небото. Твојот збор има тежина пред Небесниот престол. Бог се однесува сериозно кон тебе. Во Неговото присуство никој не е игнориран. Дури и кога твојата молитва се воздишки и неми викови, дури и кога твојот глас навидум не може да привлече ничие внимание, Бог слуша. Внимателно се внесува во бессилните воздишки на осамениот старец. Кога алкохоличарот моли за милост, кога родителот бара мудрост, кога… Бог слуша! Внимателен. Концентриран.

skybirds

Молитвите се вистинска скапоценост во Небесното светилиште. Очистени и исполнети со силата на Духот зборовите се издигаат во благопријатна арома пред престолот на Бог: „Димот од темјанот, заедно со молитвите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога“ (Откровение 8:4). Неверојатно! Нашите зборови не престануваат да се извишуваат сè додека не стигнат до Божјиот престол. И што се случува кога ќе го обземат Божјото присуство? „И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фрли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и земјотрес“ (Откровение 8:5). Нечија молитва стигнува до Небото и Божјата армија почнува да дејствува. Нештата на земјата се раздвижуваат. Ништо не е исто како порано. Зашто некој се молел.

И знам, дека, ете, точно сега, Бог внимателно слуша, зашто некој се моли.

И очекувам, точно, сега, Бог да ја излее Својата неограничена сила, за да биде Неговата волја на земјата, како што е на Небото. Зашто некој се моли.

386px-Frauentag_1914_Heraus_mit_dem_Frauenwahlrecht

Клара Цеткин (1857-1933) – германски марксист, теоретичар и борец за правата на жените. До 1917 година била активист на Социјалдемократската партија на Германија, кога се приклучува кон независната Социјалдемократската партија на Германија. После две години станува дел од основачите на спартанската лига, која набргу е преименувана во
Организатор е на првиот меѓународен ден на жената (Копенхаген, август 1910).Комунистичка партија на Германија. Пратеник е од редовите на КПГ во германскиот парламент до 1933 година, кога, со доаѓањето на Хитлер на власт, партијата е забранета. Истата година Цеткин заминува во СССР каде што и умира на 76 годишна возраст.

Меѓународниот ден на жените, кој се слави на осми март, најпрвин е наречен „интернационален работен ден за жените“. Во текот на август, 1910 година, меѓународната женска конференција превзема организациони активности во пресрет на втората социјалистичка интернационала во Копенхаген. Инспирирани од американските и германските социјалисти и по предлог на Клара Цеткин е предложено одбележување на интернационален ден на жените. Делегатите (100 жени од 17 држави) се согласиле околу идејата да се застапуваат за еднакви права на жените со мажите, при кое се истакнува правото

на жената да гласа.

Од 1917 година овој празник се воведува во Советскиот Сојуз но е работен ден до 1965 година. На 8 мај, истата година, со декрет на президиумот на СССР осми март е прогласен за неработен ден, во чест на заслугите кои советските жени ги дале за изградбата на комунизмот.

1922 година овој празник започнува да се слави од кинеските комунисти а по формирањето на НР Кина, во 1948 година,

меѓународниот ден на жените е прогласен како официјален празник во Кина, при што им е дадено правото на жените на тој ден да работат со скратено работно време.

По воведувањето на овој празник во СССР и НР Кина, празникот почнува да се одбележува и во други држави со комунистичко и социјалистичко уредување.

Многу пред Клара Цеткин и комунистичката интернационала, на првите странци на Библијата (Битие 1:27) пишува за заедничката човечка природа и еднаквата вредност на мажот и жената кои се создадени според Божиот образ. Мажот и

жената рамноправно ги споделуваат и последиците како резултат од паѓањето во грев (Битие 3:16).

Мажот и жената заедно учествуваат во поклонението пред Бог (Ездра 10:1), жените често исполнуваат и водечка улога во духовен поглед како пророчиците од рангот на Миријам и Олдама а на интелектуален план некои од нив се мудри царски советнички (2Самоилова 14:1, 20:16). Судијката Дебора е водач на народот во судбинско време.

Партнерството меѓу мажот и жената игра клучна улога во расказот на евангелистот Лука за раѓањето на Исус Христос. Елисавета и Захарија, Симеон и пророчицата Анна се првите сведоци на почетокот на Исусовиот земен живот. Марија, поткрепена од Јосиф, се доверува на Божјото Слово и покрај опасноста од веројатниот општествен укор. Бог стана човек а една жена го искуси благословот да го роди.
Апостол Павле истакнува дека црквата е општество без предрасуди на основа на раса, социјална положба или пол: сте се Самиот Господ Исус покажува љубов и почит кон жената. Тие се главните ликови во многу од Неговите параболи. Жени се блиски соработници на Христовото земно служење. Тие се и првите сведоци на Христовото воскресение. По Христовото вознесение, мажи и жени заедно се молат и учествуваат во изборот на нов апостол (ДА 1:12-16).

Апостол Павле истакнува дека црквата е општество без предрасуди на основа на раса, социјална положба или пол: сите се едно во Христос (Галатјани 3:28). Христос поставува исти критериуми за двата пола и нуди еднаков пат за спасение.

Во Христос, преку делото на Крстот, жената остварува полна еманципација, зашто нема поголема еднаквост од еднаквоста пред Бог.

кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето сопствено лице во огледало ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил“ (Јаков 1:23-24).

Секој си има некој утрински ритуал на будење. Некои денот го почнуваат со шолја кафе. Други скокаат од креветот и се фрлаат под тушот. Има и такви кои уште претходната вечер се подготвиле за наредниот ден – се будат и почнуваат со обврските.

mirror_mirror____by_S_Lancaster

Но редовен дел од утринскиот ритуал за секого е блиската средба со огледалото. А утринската средба со огледалото не е најпријатното искуство. Ликот што го гледате во огледалото наутро може и да ве уплаши. Маглив поглед, потечени очи, антени на главата кои стрчат на сите страни… Огледалата се мошне искрени предмети. Не прават компромиси. Не ги затскриваат нашите дефекти за да ни угодат нудејќи ни лажен, подобар изглед. Всушност, колку поквалитетно е огледалото, толку е пореална сликата што ја дава. И независно од страшната утринска глетка што ја открива огледалото, никој не му се лути и не ја откажува неговата услуга. Зашто подобро е да се соочиме со вистината за нашиот утрински изглед и да ги направиме неопходните корекции пред да нè види остатокот од светот.

Апостол Јаков говори за едно друго огледало, кое е јасниот одраз на човечката душа. Сè додека човек не се погледне во Библијата, огледалото на човечката природа, не може да ги види грутките во духовните очи, нечистотијата што ги заглушуваат духовните уши, замастеноста на душата. А ако не ги види, нема да се ослободи од нив. Ако сакаме да видиме како изгледа нашето лице треба да се видиме во огледало. Ако сакаме да видиме како изгледа нашата природа, треба да се

погледнеме во Божјото Слово. Тоа ја открива вистината за нас. Но за разлика од обичните огледала кои само го одразуваат нашиот лик, Божјото огледало коригира. Кога ја положуваме верата во вистините што ги открива Божјото Слово, тоа почнува да нè променува. Грозотијата на грешната душа почнува да се преобразува во убавината на христоликоста.

Што гледаш во Божјото огледало? Го гледаме ли истото?

Можеш ли да го видиш во него духовно новороденото Божјо дете, кое сè повеќе се променува според славниот лик на Исус Христос?

Истото би сакал да го види и Бог.

АРХИВА НА ДОЛГОВИ

Колку далеку, назад во времето, можеш да ги вратиш твоите спомени? Колку и да се трудиш не можеш да го срушиш рекордот на библиотеката во Њујорк. Пред некоја година спомнатата библиотека решила да ги провери списоците со изнајмени но невратени книги. При проверката е утврдено дека во далечната 1789 година претседателот Џорџ Вашингтон зел две книга кои никогаш не ги вратил. Според пресметките на администрацијата на библиотеката, одамна починатиот претседател должи на библиотеката 300 000 долари заради ненавремено враќање на позајмените книги. Бордот на организацијата која управува со имотот на Вашингтон нашол оригинален начин за раздолжување со библиотеката: биле купени истите книга и со пригодна церемонија вратени во библиотеката. После повеќе од 220 години бил избришан долгот на еден од најголемите американски претседатели (http://news.bbc.co.uk/2/hi/8627835.stm).

Во Евангелието според Матеј Исус Христос раскажува приказна за цар кој решил да ги средува сметките со должниците. Еден од слугите му должел 10000 таланти, сума која денес се рамни со неколку милиони евра. Царот се сожалил над слугата и решил да му го прости целиот долг. Бог ни ги прости гревовите кои за нас претставуваат долг невозможен за отплаќање. Тоа е причината зашто треба да ги простуваме неспоредливо помалите долгови што другите ги имаат кон нас.

Кога бараме прошка од Бог, Тој ги зема нашите гревови и ги фрла во океанот на простителноста каде стои запишано предупредувањето: „ловењето е забрането“. Понекогаш нè напаѓа горчливото чувство на вината заради лошите нешта што сме ги направиле во минатото и не си дозволуваме  да го искусиме блаженството од Божјото простување. Но почесто „ловот“ во морето на простувањето завршува со извлекување на грев што некој ни го сторил нам. Таквиот „улов“ прави да се чувствуваме посвети од другите.

Библиотеката во Њујорк има стара архива со долгови. Божјата е уште подревна и попрецизна. Но Христовата жртва ја уништи Божјата архива на простените долгови. Тој плати за сè.

Си држиш ли некоја лична архива на човечки долгови? Искуси го Божјото простување и примени го кон твоите должници. Не лови во морето на простителноста!

Конечниот Божествен план за созданието е да пресоздаде сè. Старото да премине и сè да стане ново. Во Неговиот план е вклучено и нашето тело. Очите кои, подзамижуваат сè потешко читајќи ги зборовите на мониторот. Прстите, што понемоќно удираат по тастатурата. Бог ќе го обнови телото и ќе создаде ново: вечно тело.  И тогаш, најпосле, ќе бидеме здрави. Совршено здрави! Зашто, ако сме искрени, треба да признаеме дека никогаш и не сме биле навистина здрави.

Дури и во миговите кога сме се чувствувале сосема здрави, реално и не сме биле такви. Всушност сите ние сме подвижни инкубатори на безброј бактерии, микроби, инфекции, болести. Такви сме кога сме здрави, такви сме и кога сме болни. Посебно кога сме болни.

Мразам кога сум болен. Кога температурата ме истоштува. Кога секое искашлување како да активира милиони чекани во главата. Кога имам чувство како да ме боли секоја клетка во телото.

И Бог ја мрази болеста. Затоа, секој кој бара исцеление од Него, ќе биде излекуван. Тој ќе го обнови секое тело во совршено здравје. Библијата ветува, дека тогаш ќе бидеме слични на Него. Ќе имаме тело, слично на Христовото. Совршено! Тело кое нема да боледува, тело ослободено од сите недостатоци, тело без слабости.

Ќе бидеме слични на Христос. Нека секој родител на дете со даунов синдром ги запише овие зборови покрај детскиот кревет. Секој хендикепиран, секој што е прикован за болничкиот кревет нека заспие со ветувањето: ќе бидеме слични на Христос. Нека секој што е на хемотерапија си ги вреже во своето срце зборовите: „ќе бидеме слични на Него“. И тогаш, најпосле, ќе бидеме здрави. Совршено здрави!

СЛОВОТО СТАНА ПЛОТ

Корејскиот уметник Gwang Hyuk Rhee е авторот на уникатно уметничко дело – портрет на Исус Христос. Му биле потребни две години за довршувањето на делото. Уникатното во тој портрет е начинот на создавањето. Имено,Rhee го исцртал портретот пишувајќи го Новиот Завет. Трпеливо, испишувајќи ги буквите со многу тенок молив во исто време создавал слика. Уметничкото дело содржи околу 185.000 зборови во кои буквите се испишани со различна дебелина и контраст – некои подебели други потенки, некои потемни а други посветли и така да го образуваат ликот на Исус Христос. Околу Христос се исцртани дваесет и седум ангели кои ги претставуваат дваесет и седумте книги на Новиот Завет. Оригиналното дело е два метри високо и 1,30 метри широко.

Погледнато од подалеку во сликата не можат да се забележат буквите. Тие стануваат забележливи ако се зголеми некој дел од неа. Целта на уметникот е напишаните зборови од Новиот Завет да го откријат Исус Христос. Словото испишано во сликата се претвора во тело.

„Словото стана плот и се всели меѓу нас“, пишува евангелистот Јован. Ова е големата вистина, која го разграничува христијанството од сите други религии. Нашиот Бог не остана далечен и недостижен, тој дојде меѓу нас како човек. Бог не ни остави само Слово. Не ни испрати само пророци. Не ни даде само закони на плочи. Тој дојде меѓу нас. Стана еден од нас!

Сè што е напишано во Библијата го видовме во животот на Богочовекот Исус Христос. Затоа читањето на Библијата не е просто акумулирање на знаење туку реално општење со Бог, Кој се воплоти. Библијата оживеа, бидејќи зборот во неа стана Тело. Кога ја читаме Библијата Исус Христос излегува од страниците и станува реалност во нашите животи. Во нашето секојдневие.

Тоа е величината на Божик – раѓањето Христово. Словото стана тело и се всели меѓу нас. Бог се очовечи за човекот да се обожестви.  Бог стана човек за да може човекот да општи со Бог. И постои ли за човекот нешто повозвишено од општењето со Бог? Може ли да има поголема цел од животот со Бог во Неговото царство?

Затоа се случи Божик. Затоа Словото стана плот и се всели меѓу нас!

Благословен Божик!

Христос се роди!

За сè да биде добро

Заобиколени сме од неизвесности. Не знаеме дали ќе се среди економијата. Не знаеме дали ќе пропадне еврото. Не знаеме дали ќе најдеме работа. Не знаеме дали ќе го зачуваме работното место. Не знаеме што ни мисли пријателот. Не знаеме што ни планира непријателот. Понекогаш дури не знаеме ни за што да се молиме (Римјани 8:26). Но Библијата нè уверува дека можеме да бидеме сосема сигурни во некои нешта. Зашто ЗНАЕМЕ!

lucindabedogne_dandelion_1

„ЗНАЕМЕ дека сè што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние што Го сакаат Бога и што се од Него повикани за свети цели“ (Римјани 8:28).

Знаеме дека зад сцената на животот, во секојдневните фурии, Бог содејствува за нас. Непрекинато содејствува не за да ни биде забавно или удобно…, содејствува за нашето вечно добро. Содејствува Неговиот план да стане наша реалност, а Неговиот план секогаш завршува добро. ЗНАЕМЕ!

Како Автор на Спасението Бог ја испишува спасителната тема во нашата биографија. Сè што се случува Бог го насочува да испадне за наше добро. Не само некои нешта, не само добрите нешта, не само љубимите нешта. All-inclusive – сите нешта Бог ги насочува за наше добро.

Марионетка во рацете на фортуната или судбината? Никако! Јас сум во рацете на живиот Бог, исполнет со љубов кон своите. Случајна колекција на неповрзани настан? Далеку од тоа! Мојот живот е возвишена творба испишана од добриот Бог, Кој сè насочува да се случи за моето добро. И ЗНАМ, дека токму сега, Тој испишува нов ред во мојата животна приказна. За сè да биде добро!

Солза

„И чув висок глас од небото како зборува: „Ете го светиот шатор, светилиштето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив – нивниот Бог“ (Откровение 21:3).

Настан што со нетрпение се очекува. Небесниот Татко се готви да се пресели во нашето соседство. Да го премести Своето живеалиште до нас. Ќе можеме да Го видиме лицето на Бог. Ќе можеме да погледнеме во очите на Оној, Кој секогаш нè гледа. Ќе се вслушаме во устата Која раководи со човечката историја. И ако има нешто повеличествено од мигот кога ќе Го видиме Неговото лице, тоа е мигот кога Небесниот Татко ќе го допре нашето. И ќе ја избрише оттаму секоја солза.

download

Бог ќе ги допре нашите лица. Нема да напнува мускули, ниту ќе ја покажува Својата сила. Нежно ќе помине со палецот низ образите и нежно ќе прошепоти: „Никогаш повеќе… никогаш повеќе солзи!“

Мигот што со копнеж се очекува! Мигот што нема да задоцни! Миг што носи надеж! И знам, кога е најболно, дека токму тогаш мојот Татко ќе ја протегне раката. Ќе ме погали по лицето. Ќе донесе насмевка.

Ќе ја избрише солзата.

„Благословен да е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој по својата голема милост, нè роди одново, за жива надеж, преку воскресението на Исус Христос од мртвите“ 1Петар 1:3

Некоја пливачка се обидела да преплива долг канал и да биде запишана како првата жена која успеала да направи ваков подвиг. После 15 часа пливање низ ледената вода, преморена и обвиена во густа магла што не можело да се гледа ни прст пред око, најпосле се фатила за едно од бротчињата кои биле околу неа и се качила. Така завршил нејзиниот обид. Луѓето од бротчето зачудено ја прашале: „Зошто се откажа на само неколку стотина метри до брегот?“ Пливачката, тажна поради пропуштената прилика, одговорила: “само ако можев да го видам брегот, сигурно ќе издржев”.

Надежта е онаа нешто во животот што нè оспособува да издржиме во долгиот животен маратон. Таа го осветлува нашиот животен пат, кога сме заобиколени со маглата не очајот, ни помага да ја видиме светлината кога сме заобиколени со темнината, да го видиме излезот кога запаѓаме во слепите улици на животот, да го видиме Божјото присуство кога се чувствуваме осамени. Таму каде што нема надеж има очај. Без надеж човек ја губи волјата за живот.

А светот нуди слаба, млака надеж. Постои наивен оптимизам дека ако се случат надворешни позитивни промени ќе се решат сите проблеми. На пример некои се надеваат дека ако имаат малку повеќе пари ќе се посреќни и ќе имаат повеќе волја за живот. Затоа и се толку посетувани кладилниците. Зашто луѓето се надеваат дека тие можат да им ги решат проблемите. А на запад има направено едно интересно истражување според кое двапати побогатите луѓе, живеат двапати понесреќен живот. О, да, парите можат да купат малку радост, за малку време. Други се надеваат дека напредокот на медицината ќе донесе порадосни моменти. Кога ќе се најде лек за ракот, сидата и други смртоносни болести човекот ќе може да живее 150 години и ќе биде по радосен. Но драги пријатели, вистината е дека ако луѓето не се радосни кога живеат по 60, 70, 80 години со сигурност нема да се радосни и ако живеат по 150 години. Дури и ако двојно се продолжи векот на човекот на крајот на пак ќе нè чека смртта и очајот што доаѓа со неа.

Во контраст со надежта на светот, воскресението на Господ Исус нуди тврда, стабилна надеж. Од празниот гроб како од фонтана блика надеж. Живата надеж која се потпира на неоспорниот факт за воскресението на Господ Исус. Тоа воскресение е извор на надеж, која ја охрабрува и освежува душата дури и во најтемните мигови во животот. Бидејќи Христос ја победи смртта можеме да бидеме сигурни дека изборот да го следиме Него е најдобриот во животот. Тој го осмислува нашиот живот а без вистинската смисла нема надеж. Што и да се случува во животот, ако си се доверил на Бог, ќе ја имаш сигурната надеж дека секое нешто Бог ќе го сврти за твое добро. Дури и смртта.

Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене – и да умре – ќе живее; и секој кој живее и верува во Мене, нема да умре довека.

За да живееме вечно во Божјото царство:

Христос воскресна!

Older Posts »